СДСМ: Сите знаат каде е Груби, само Тошковски не!


Артан Груби (Фото: Б. Грданоски)

Откако лидерот на ДУИ застана во одбрана на Артан Груби, повеќе од јасно е дека самиот тој е добро информиран за тоа каде е и има важни информации за случајот. Зошто обвинителството и Панче Тошковски не го повикуваат Ахмети да даде изјава? Како е можно и Али Ахмети и Изет Меџити да знаат каде е Груби, само Тошковски да е целосно незапознаен? – прашува СДСМ во реакцијата околу серијалот со вицепремиерот кој и се крие на правдата. 

-Ова е класичен пример на селективност, но и огромна неспособност на Тошковски и МВР да го спроведат законот. Артан Груби треба да одговара пред законите на државата но заради неспособноста на Тошковски или пак скриен политички договор тоа не се случува.

Во меѓувреме, ВМРО-ДПМНЕ од петни жили се обидува ова фијаско да го префли на СДСМ но таквите обиди се јалови. Ниту СДСМ е виновен што Груби не одговара, ниту е одговорен за неговото бегство туку за тоа е виновен само Тошковски и МВР. Во меѓувреме се обидуваат со димни бомби и нови пораки на сеење страв да ги прикријат своите неуспеси на секое поле. 

Државата тоне, а граѓаните се осиромашуваат заради Мицкоски и неговите политики. Инфлацијата расте, цените растат, имаат катастрофална реализација на капиталните инвестиции, а државата е заглавен во секој поглед. На ВМРО-ДПМНЕ не им останува ништо друго освен да манипулираат, напаѓаат, лажат и сеат страв меѓу граѓаните, на другите полиња секако целосно потфрлија„, тврдат од СДСМ.