СДСМ реагира: Горат автомобили на инцпектори, началници и полицајци


Неспособноста на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски е закана за безбедноста на граѓаните, тврди СДСМ оценувајчи дека таа е – алармантно влошена.

„Во последните два месеци има десетина случаи на запалени автомобили и на инспектори, началници, полицајци. Беше запаленото возило на началникот на полицијата во Струга, на инспектор во Виница. Сторителите се уште се непознати, одговорност нема.

Пречесто има пукања и криминални пресметки, досега има дваесетина убиства и обиди за убиства.Откако Тошковски и ДПМНЕ се на чело на МВР улиците станаа Див Запад, реагираат од СДСМ.