СДСМ порачаа дека ќе постапат државнички за референдумот

ВМРО-ДПМНЕ да ја научи процедурата, а пратеничката група на СДСМ ќе постапи државнички, порачаа денес од владеечката партија откако опозициската ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека власта се подготвува да ја отфрли нивната иницијатива и дека за тоа ќе го искористи спикерот на Парламентот Талат Џафери и некоја формална причина.
Според СДСМ иницијативата се уште не е стигната пред пратениците и оттука ваквите обвинувања се паушални, односно тенденциозни со цел ВМРО ДПМНЕ гласно да не го каже она што го знае, дека референдумот против ЕУ нема да успее.
-Ова покажува дека всушност единствената цел на ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски е преку барањето за референдум да ја спасува својата фотелја и токму затоа секојдневно ја злоупотребува темата со паушални и неосновани обвинувања. Пратеничката група на СДСМ како и секогаш во изминатите години ќе постапи државнички, а ставот ќе го соопшти откако иницијативата ќе се најде пред пратениците, порачаа од СДСМ.