СДСМ обвинува: ЈСП е во колапс, ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска го уништија Скопје
„Сето ова потврдува во каква ужасна состојба е градот Скопје, во каква лоша состојба е ЈСП но и останатите јавни претпријатија. Само ВМРО-ДПМНЕ тоа не го засега, ниту малку. Нивната екс миленичка Данела Арсовска ги обивнува дека самите советници на ВМРО-ДПМНЕ ја блокираат работата на јавните претпријатија исто како и набавката на нови автобуси за градот.Нема поголем доказ дека користољубието и партискиот интерес на ДПМНЕ се пред се и над се и дека воопшто не им се важни граѓаните.Воопшто не има важно дали небезбедни автобуси ќе се возат и дали некој ќе настрада, воопшто не им е важно што скопјани се гушат од чад, важно е само дали Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ имаат контрола и интерес“, соопшти СДСМ.