СДСМ: Ние обезбедуваме помош, Мицкоски ја блокира

Заради деструктивноста на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ државата, граѓаните останаа без 100 милиони евра помош во време на криза, соопштија од СДСМ потврдувајќи дека Европската банка за обнова и развој го сопре заемот што требаше да го земе Македонија за справување со енергетската криза.
-Причина за сопирањето е блокадата на законот за таа намена, од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
Додека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ блокираат и опструираат, СДСМ предводена од претседателот Димитар Ковачевски обезбеди 80 милиони од ЕУ дирекна поддршка за енергетската криза. Истовремено се обезбедени и 100 милиони долари од САД за Армијата, 530 милиони евра од ММФ, 50 милиони од Ерсте, 250 милиони од Дојче Банк. Ова се средства за справување со енергетската криза и за поддршка, за антикризните мерки за ранливите и компаниите, порачаа од СДСМ.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски возврати на ваквите обвинувања со негов список како ќе се трошат сретствата од кредитот. Според него каматната стапка на заемот е околу 4,3%, а парите ќе се трошат од страна на ЕСМ за ЕСМ и тоа Според Мицкоски 20 милиони евра че одат за оперативни трошоци, 55 милиони евра за набавка на струја, 24 милиони евра за сервисирање на долгови (според него доспеани обврски од тендерите во четири очи) и еден милион за еднократната провизија.
-Во исто време, тврди тој, се презема обврска за затворање на ТЕЦ Осломеј до крајот на 2023 година, затворање на РЕК Битола до крајот на 2027 година и пуштање на нов капацитет ЕСМ, или во приватно партнерство со приватен инвеститор до крајот на 2025 година со инсталиран капацитет од 210 MW (тоа значи за 3 години да се испроектира, изгради и пушти во употреба капацитет кој денес никој не го гледа, а за кој изминативе пет години од владата на СДСМ и ДУИ никој не слушнал).Блокираме за да спасиме 4.000 директни работни места и најмалку двојно повеќе индиректни работни места. Блокираме за да го спасиме столбот на сувереноста на Македонија, РЕК Битола, од затварање, рече Мицкоски.
Инаку столбот на сувереноста на Македонија РЕК Битола постојано е под ремонт и според сите странски оценки е престар, покрај тоа што значајно ја загадува околината.