СДСМ: Не успеа блокадата во Собранието


СДСМ оцени денеска дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не успеал да ја спроведе блокадата во Собранието, и покрај силните закани.
 
– Христијан Мицкоски не се откажува од блокадите и деструкциите, се надева дека вештачки ќе создаде поличка криза и ќе придизвика штета врз граѓаните. Очигледно посакува земјата да не напредува, да не успее, да има проблеми. Дури и самиот Мицкоски вели дека процесот на блокади и деструкции ќе биде долг, а тој е среќен само тогаш. Но, и на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ треба да им е јасно дека нивните блокади нема да успеат, се вели во соопштението од СДСМ.

 

Од партијата наведуваат дека вчера во Собранието пропаднаа нивните блокади, дневниот ред се изгласа, седницата продолжува. Освен што ја одолжува работата, и дискусијата за дневен ред траеше цели два дена, ништо друго не постигна ВМРО-ДПМНЕ. На ист начин ќе пропаднат и следните најавени нивни блокади.СДСМ, со институциите, со граѓаните, нема да дозволи Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ја вратат државата назад, се вели во соопштението.

Од партијата исто така порачаа дека неработењето на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните ги чини над 55.000 евра месечно.

-За основните плати на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните ја плаќаат 40.000 евра месечно, а дополнителни 15.000 евра добиваат за патни трошоци, исто така врз грбот на граѓаните.Наместо да ги заработат овие 55.000 евра месечно тие не влегуваат на седници, не закажуваат седници на комисии кои ги водат, се надвикуваат, покажуваат нервоза и прават штета на граѓаните кои ги плаќаат.Граѓаните не ја дале довербата на пратениците да блокираат, да ја опструираат работата на Собранието и да не си ја работат работата. Кога веќе решиле намерно да не работат, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ  да ги вратат парите за плати, патни трошоци и мобилни телефони. Над 55.000 евра месечно во време на криза, се сериозни средства со кои може да им се помогне на илјадници семејства, стои во реакцијата на СДСМ.
 
Од ВМРО-ДПМНЕ возвратија дека премиерот Димитар Ковачевски не треба да бега од подадената рака  за излез од кризата и дека тоа е во интерес на граѓаните и на Македонија.
 
-Ковачевски треба да престане да биде заложник на заевизмот, но и заложник на коалицискиот партнер.ВМРО-ДПМНЕ нуди пакет кој е во интерес на граѓаните, кои на крајот на краиштата во огромно мнозинство сметаат дека Македонија се движи во погрешен правец. Затоа предлагаме експерти кои можат да помогнат во клучните области, но и да определиме датум за предвремени избори, кои патем може да се одржат со изменет закон со една изборна единица како едно од барањата во коалицискиот договор помеѓу СДСМ и нивните помали партнери, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.