СДСМ: Мицкоски со денови не кажува што зборувал со Петков


СДСМ, преку партиско соопштение, го повикува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да ѝ соопшти на јавноста за што зборувал со бугарскиот премиер Кирил Петков, на средбата која ја имаа во седиштето на партијата во Скопје.

„Мицкоски со денови не кажува што зборувал со Петков, му ги поставил ли прашањата што им ги нарачуваше на новинарите“, поочуваат од СДСМ.

„Дали Мицкоски крие што зборувал, затоа што не ги поставил тие прашања до Петков, затоа што е силен само пред камери, едно зборува пред јавноста а друго на затворени средби?“, велат од СДСМ, потсетувајќи дека граѓаните виделе и претходно на средбата на Мицкоски со Бојко Борисов „дека тој ги менува ставовите кога се среќава со официјални претставници“.