СДСМ: Мицкоски продолжува да работи спротивно на интересите на државата
Христијан Мицкоски по шест порази на избори, продолжува да работи спротивно на интересите на граѓаните и државата, порачаа од владејачката СДСМ, откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва во интервју на државниот сервис повтори дека ако Бугарија продолжи со барањата, тој ќе бара поништување на договорот за добрососедство.
– Мицкоски и денеска ги промивира ставовите на Бугарија, со барањето за нов Договор со Бугарија, став што е сосема спротивен на нашите државни позиции и на директна штета на државните интереси. Може Мицкоски да бара алиби за изборните порази колку сака, може да се обидува да блокира и кочи колку сака, тој нема да успее да го закочи напредокот, нема да успее да ги закочи реформите важни за државата и граѓаните, велат од СДСМ.