СДСМ: Мицкоски да каже колку илјади евра му беше платата во ЕЛЕМ?

СДСМ реагираше на т.н. афера „Паразит“ повикувајќи го лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да каже колку плата земал тој самиот во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, кога беше претседател на управниот одбор и генерален директор на акционерското друштво Електрани на Македонија.
-Во тој период Мицкоски беше ангажиран како советник за енергетика на Никола Груевски. Мицкоски да каже колку илјади евра му беше платата во ЕЛЕМ, а колку земаше за да го советува Груевски? Јавноста треба да знае колку бил платен Мицкоски, како експерт за енергетика и директор кога без криза струјата поскапе за 100%.Исто така ниту една електрана, ниту еден стратешки објект за производство на струја во земјава не е изграден додека Мицкоски беше советник и директор на ЕЛЕМ.Ама затоа универзитетскиот професор Мицкоски, кој вели дека живее од професорска плата, си игради хидроцентрали за себе, а за граѓаните не направи ништо, возвратија од СДСМ на лицитирањето со имиња на „паразити“ директори и функционери, на позиции кои претходно ги држеа кадри именувани од ВМРО-ДПМНЕ и земаа исти плати.