СДСМ: Македонија највисоко на листата на „Репортери без граници“ од 2013 година


Фото: Б. Грданоски

ВMРО-ДПМНЕ, по извештајот на „Репортери без граници“ оцени дека во Македонија владее медиумски мрак и дека  власта се заканува и шиканира новинари.

-Не е возможно да се објави вест или истражи скандал, а без потоа новинарот односно медиумот да не биде мета на напад на голем број на партиски ботови на социјалните мрежи, со закани и за неговиот живот и животот на неговото семејство. Постои сомнеж дека истите се платени и со државни пари, односно одат на работа во владата.

Власта оди до таму што поткренува и судски случаи против новинари и ги малтретира по судови. Т акви се случаите со уредниците на „Инфомакс“ и „Лидер“, кои завршија во ЈО затоа што се охрабриле да истражуваат криминал на власта.

Но заканите, притисоците и насилието на власта не останува незабележано од меѓународниот фактор и меѓународните организации. Извештајот на „Репортери без граници“ во кој констатираат пад на медиумската слобода е доказ дека насилието се следи и нема да помине, реагираат од оваа партија.

Од СДСМ им одговорија дека како партија тие се посветеи на слободата на медиумите, а ВМРО-ДПМНЕ на пропаганда и уцени.

-Разликата во оваа сфера, во однос на 11 годишниот режим на ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од очигледна. Во тоа време не смееше да се зборува, медиумите и институциите беа заробени.Власта грубо се пресметуваше со неистомислениците, новинари се апсеа, притвораа, уценуваа и отпуштаа, се вршеа упади и затворања на медиуми.

Пропагандата го имаше главниот збор, слободата на медиумите беше систематски задушувана, а уредувачката политика на медиумите беше креирана во белата палата.

Напредокот во слободата на медиумите го потврдува и последниот извештај на организацијата „Репортери без граници“, според кој Северна Македонија напреднала за позиции во однос на минатата година и е највисоко рангирана од 2013 година досега, кога беше на 123-то место.

СДСМ ниту еднаш не е посочена за притисоци , што не е случај со ВМРО-ДПМНЕ кога луѓето на нивниот министер за вантрешни работи во преодната влада Наќе Чулев, јавно на настани се закануваа кон новинари.Се уште постојат предизвици, но се слуша гласот на граѓаните, на новинарите и се преземаат институционални мерки за нивно надминување, одговорија од СДСМ.