СДСМ ќе прави регионален фронт против корупцијата – „Скопска иницијатива“


 

Раководството на СДСМ има план како борбата против корупцијата да ја издигне на повисоко, регионално ниво.

„За крајот на мај или почетокот на јули планираме една меѓународна средба на којашто ги каниме сестринските партии од регионот во еден заеднички фронт на Европа за борба против корупцијата, и за тоа ни дава поддршка и дел од европските социјалдемократски партии, и тоа ќе биде форма на таканаречена ‘Скопска иницијатива’“, рече Филипче на партискиот собир во саботата во Струмица.

Тој додаде дека ќе се организира и програмски конгрес на кој ќе се претстави новата програма на СДСМ за следниот период, со конкретна понуда за граѓаните и критика за актуелните политики на власта.

„На програмскиот конгрес ќе ја претставиме нашата нова програма и ќе излеземе пред граѓаните со конкретна понуда, зашто политиките што ги спроведува оваа власт се само изговори“, рече тој.