СДСМ ќе ја повика европската обвинителка Ковеши да ја посети Македонија за скандалот со ИПАРД


Лаура Ковеши

 

СДСМ ќе ја повика главната европска обвинителка, Лаура Ковеши, да ја посети Македонија и лично да се запознае со малверзациите што ДПМНЕ ги прави со европските фондови, меѓу кои и ИПАРД програмата.

Во соопштението на СДСМ се вели дека не сакаат државата да остане без финансиска поддршка поради злоупотребите на ВМРО-ДПМНЕ. „Немаме доверба во нашите институции, прво затоа што врз нив секојдневно се врши притисок од страна на Мицкоски, а второ, затоа што власта прави се за да ги заштити своите од прогон.

Имајќи предвид дека злоупотребите биле вршени од страна на власта, и дека директорот на Агенцијата за финансиска поддршка за земјоделството и руралниот развој е уапсен токму за корупција поврзана со европските пари, сметаме дека должност ни е да ја информираме европската јавност и Европското јавно обвинителство (EППO).

Главната европска обвинителка, Лаура Ковеши, е надлежна за истраги поврзани со злоупотреби на ИПАРД-фондовите, во рамките на нејзината улога како прв човек на Европското јавно обвинителство“, велат од СДСМ.