СДСМ ја почна кампањата за локалните избори во Штип


ШТИП – Кандидат на СДСМ за градоначалник на Штип, Сашко Николов е познат целиот регион и човек со кој во сигурни раце Штип може да продолжи да чекори напред, да се модернизира, европеизира и да продолжи развојот на општина Штип, порача на денешната прес-конференција, генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, кој заедно со кандидатот за градоначалник посетија неколку населби низ Штип.

Тој забележа дека како партија се горди што оставиле силен аспект на Штип во изминативе неколку години и како централна власт, но и се горди и на политиките на општина Штип предводена од градоначалникот Благој Бочварски и изградбата на 12 километри водоводна и канализациска, изградбата на детска градинка после неколку децении. А и отворањето на големиот мост пред неколку месеци во Штип.

Кандидатот за градоначалник на СДСМ, Сашко Николов истакна дека почнатите капитални проекти за Штип ќе бидат завршени.

„Веднаш по моето стапување на функција како градоначалник на општина Штип, ќе иницирам добротворен фонд преку којшто ќе обезбедиме бесплатни заштитни маски за сите штипјани. Во овој добротворен фонд апелирам да се вклучат сите општествено одговорни компании и други донатори“, рече Николов. (МИА)