СДСМ: Има премногу нерегуларности, нелогичности и конфликт на интерес околу скандалот со Христовски
Скандалот околу именувањето на Бојан Христовски за директор на АНБ не стивнува, особено по одлуката на ДКСК да се прогласи ненадлежа за серфикитот по англиски јазик и на мала врата да го „аминува“ како директор, бидејќи законски ги исполнил условите само со тоа што дал докумени – иако од веродостојноста се оградува.
„Како е можно за ДКСК да биде валиден сертификатот на Христовски за ТОЕФЛ од Пловдив Бугарија кога суд веќе осудил две директорки затоа што приложиле ист таков серификат кој е оценет за невалиден? Две директорки на јавни установи се осудени на условни казни затоа што приложиле ТОЕФЛ сертификат издаден од компанијата „Јулија ЦО ЛТД“ од Пловдив, Бугарија, односно од истото место и од истото правно лице од каде што е и серитфикатот на Христовски.Како ДКСК заклучила дека е валиден сертификатот кога суд одредеил во два случаи, од исто место и од исто правно лице дека е невалиден? Зошто ДКСК не ги земало предвид овие судски одлуки? Дали е тоа намерно?
Ова е уште една причина зошто Државната комисија за спречување на корупција треба да ја повлече скандалозната одлука и да ја врати на повторно разгледување.Оправдани се и сомнежите за конфликт на интерес кај членката на ДКСК којашто го водела случајот по претставката во којашто се оспорува диплома на директорот на АНБ, Бојан Христовски. Премногу сомнежи има за нерегуларности, недоследности, нелогичности, за конфликти на интерес за скандалот со Христовски кој трае со месеци.
Се добива впечаток дека не се важни закони, правила и прописи и по секоја цена власта го турка Христовски да остане на позицијата иако е доведено во прашање дали воопшто ги исполнува условите“, стои во реакцијата на СДСМ.
Вчера за истиот скандал реагираше и пратеникот и потпретседател на Левица, Реџеп Исмаил.
„Како може ДКСК да тврди дека Христовски не е партиски кадар, кога неговите јавни активности и поддршката за владејачката партија се очигледни? Згора на тоа, неговата диплома е од универзитет со спорна репутација, во сопственост на поранешен градоначалник од истата партија“ – посочи Исмаил.
Пратеникот од Левица додаде дека назначувањето на Христовски за директор на АНБ било контроверзно по многу основи.
„Значи, почнувајќи од неговата диплома која е прибавена од приватен универзитет каде што се штанцаат дипломи, каде што во програма од четири години се добива диплома за една година, до уште еден поскандалозен момент, а тоа е што тој универзитет е во сопственост на поранешен градоначалник на истата партија, која сега Бојан Христовски го назначува за директор на АНБ„ – рече потпретседателот на Левица.
Исмаил ја осуди и одлуката на Комисијата да го предаде на истражување предметот за Христовски на член на Комисијата кој има деловни врски со истиот универзитет.
„ Да биде уште понелогична ситуацијата, вие назначувате член од вашата комисија да го истражи овој случај за неговата диплома во Универзитетот каде што тој ист член има деловна врска со истиот универзитет“, додаде Исмаил.
Пратеникот од Левица потенцираше дека ваквата партизираност на функцијата и пасивноста на ДКСК сериозно го нарушуваат кредибилитетот на институцијата.