Skip to content
29/08/2026
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
Независен Весник
  • Политика
  • Македонија
    • Скопје
  • Економија
  • Свет
    • Балкан
  • Колумни
  • Фељтон
  • Култура
  • Сцена
    • Лајфстајл
  • Спорт
  • Хроника
  • Занимливости
    • Технологија
Search
Независен Весник
Search
  • Политика
  • Македонија
    • Скопје
  • Економија
  • Свет
    • Балкан
  • Колумни
  • Фељтон
  • Култура
  • Сцена
    • Лајфстајл
  • Спорт
  • Хроника
  • Занимливости
    • Технологија

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се скараа околу олигарсите

09/10/2021 12:36

Нема ништо потрагично од тоа што Данела Арсовска зборува против олигарси, кога јавноста знае дека таа лично го предложи олигархот Сеад Кочан за свој заменик во ССК.  Данела Арсовска и Сеад Кочан никогаш не биле глас на работниците и малите претпријатија, туку глас на урбаната мафија и олигарсите на Груевски, реагираа денес од СДСМ на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека нивните кандидати за градоначалници се деца на олигарси.

-Данела Арсовска и Сеад Кочан никогаш не биле за „модерно Скопје“, туку за „барокно Скопје 2014“ – токму фирмата на Сеад Кочан градеше милионски барокни фасади во „Скопје 2014“ и ја изгради катастрофалната фонтана-прскалка во центарот на Скопје за над 2.5 милиони евра!

Наспроти олигархијата на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ ја покачи минималната плата и ја зголеми просечната плата за околу 100 евра и вети покачување на минималната плата на 300 евра од 1 јануари 2022. На целокупната македонска јавност и е познато дека кандидатката за градоначалник Данела Арсовска заедно со поранешниот министер за финансии на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески, беа најгласни против покачувањето на минималната плата од 9 илјади на 15 илјади денари.

Арсовска го оцрнуваше зголемувањето на минималната плата од 9 илјади на 15 илјади денари како „вештачко зголемување на минималната плата“. Арсовска тврдеше дека „секој вештачки обид за зголемување на минималната плата за нас не е добар“.

Арсовска доби гласна поддршка од ВМРО-ДПМНЕ во ставот против зголемувањето на минималната плата од 9 илјади на 15 илјади.  На истата ТВ дебата кога Арсовска го оцрнуваше зголемувањето на минималната плата како „вештачко“, нејзиниот сегашен носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески, јавно предупредуваше „немојте да ја зголемувате минималната плата“ и ја заплашуваше јавноста дека покачувањето на минималната плата ќе донесе „нестабилност, хаос, секојдневни штрајкови“.

Данела Арсовска сеуште смета дека зголемувањето на минималната плата е вештачко и дека не е добро, а Трајко Славески вчера кажа дека зголемувањето на платите било „неморално“.   Има ли поголем апсурд од тоа што Данела Арсовска смета дека 15.000 денари плата не е достојна за живот, а беше против „вештачкото“ зголемување на минималната плата од 9 на 15 илјади денари? Притоа, Арсовска ја дезинформира јавноста дека минималната плата доведувала до намалување на работни места, и тоа кога во моментов имаме најниска стапка на невработеност, стои во реакцијата на СДСМ. 

Александар Николоски во интервју за една од телевизиите порача дека кандидатите на СДСМ за градоналачници „се деца на оние кои што ја покрадоа Македонија во темната приватизација од 1991/92 до 1997/98 година“. Како пример го посочи Александар Филиповски кој е син и внук Благоја и Илија Филиповски кои, според него, биле главни во приватизацијата и затворањето на фабрики во Македонија.Николоски додаде дека тука е и синот на еден од двајцата директори кои го пропаднале „Жито Лукс“, сега како кандидат за Бутел и синот на Зоре Темелковски кој е кандидат за Кисела Вода. Според него, пописот во 2002 година, што го нарече наместен, бил со потпис на Дончо Герасимовски, татко на актуелниот кандидат за градоначалник на Центар.

 

 

 


Поврзани содржини

На ВМРО-ДПМНЕ му смета и Ковачевски, ги кaжувал фразите на Заев
28/11/2021 15:11
Членовите на ДИК нема да земат дополнителни бонуси за локалните избори
24/11/2021 13:11
СДСМ: Максим направи коалиција со ВМРО-ДПМНЕ во Куманово
23/11/2021 18:11
Богоев се чуди: Во која држава партиски лидер држи прес конференции со вработени во администрација
22/11/2021 20:11

Пендаровски: Не сме влезени во бугарско сценарио
22/11/2021 20:11
Алтернатива се наклонува кон власта, во игра две министерски места
22/11/2021 16:11
Николовски не се гледа себеси како кандидат за премиер
22/11/2021 12:11
СДСМ бара ДКСК да реагира околу партизацијата на работата на градоначалниците од Мицкоски
22/11/2021 10:11

Најчитани


  • Костадиновски возврати со домашен „фолклор“ на бруката од Стразбур
    27/08/2026 15:10
  • Владата ќе заштеди на порастот на пензиите поради падот на платите во јуни
    25/08/2026 14:49
  • Научници нурнаа на дното на океанот и се запрепастија од она што го открија
    23/08/2026 20:33
  • Земјоделците на нов протест за „ајварката“. Мицкоски повикан на „екскурзија до Струмица“
    24/08/2026 11:36
  • Таткото на големата лага
    24/08/2026 08:08
  • „Пародија“ во Струмица – МВР ќе ги казнува земјоделците што ќе протестираат со нерегистрирани трактори
    25/08/2026 10:46

© Независен Весник  2019 -2026

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење