СДСМ: И Мицкоски беше голтар додека не стана советник на Груевски


СДСМ возвратија на обвинувањата на опозицијата со порака дека „ВМРО-ДПМНЕ е типичен доказ како од од голтарска партија се станува најбогатата партија во Европа преку криминал и корупција“.

-Признанијата пред македонските судови на поранешните високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ и пресудите како онаа за Титаник се само уште една потврда на тоа што јавноста многу добро го знае.
Еве ја зад мене белата палата, симболот на криминалот, корупцијата и расипништвото на ВМРО-ДПМНЕ.
Од мала „жолта куќа“ до „бела палата“ на седум спрата вредна 40 милиони евра, со раскошни лустери, со скап мебел, теписи и уметнички дела. Побогата од партијата на Ангела Меркел, германската ЦДУ.

Христијан Мицкоски е исто така класичен пример за тоа. Влезе голтар во политиката, па стана советник на Никола Груевски и сопственик на хидроцентрали и бизниси. Како ВМРО-ДПМНЕ го стекна овој имот, како се финансирала партијата за време на нивниот 11 годишен режим, покажуваат бројни судски пресуди против некогашни функционери на партијата, како и бројните предмети кои се уште се пред судовите во државата, стои во реакцијата на СДСМ.