СДСМ го спори назначувањето на Илиевски за директор на ЗОО Скопје


Фото: Б. Грданоски

По скандалот со колење коњи во Зоолошката во Скопје, сменет беше фиректорот, а на негово место дојде Драга Илиевски, чиј избор сега, го спорат од владејачката партија СДСМ.

Имено, тие отворија сомнеж дали новиот В.Д. директор на Зоолошка градина, Драган Илиевски е назначен согласно законите,

„Прво, затоа што за оваа позиција не бил распишан јавен оглас. Второ, затоа што според написите во медиумите, Илиевски не доаѓал од редовите на вработените. На овој начин се прекршува членот 50 од Законот за јавни установи и членот 34 од Законот за култура. Ако се случило такво назначување, тоа е спротивно и на членот 30 од Статутот на Зоолошката градина каде што јасно се наведува дека вршител на должност директор се избира од редот на вработените“, укажуваат до партијата.

Повикуваат, за процесот на назначување да се вклучат и надлежните институции кои треба да проверат дали назначувањето на Илиевски е согласно законите.

Се огласи и новиот директор, кој вели дека не е член на ни една политичка партија и дека професионално ќе ја извржува должноста.

„Јас Драган Илиевски: Не сум член на ниту една партија, професионално ќе ја вршам својата работа.

Во екстремно партизирано општество како нашето, свесен сум дека ретко се дава шанса на човек кој е професионалец да води институција, а особено на одговорна позиција како оваа.

Јасно и недвосмислено ги демантирам пласираните дезинформации дека некогаш сум бил член на било која партија, вклучително и на ГРОМ.

Имам повеќе од 20 години работно искуство на раководни позиции во приватниот сектор и магистер сум по економија. Верувам во програмата на град Скопје и во заложбите за професионализација и департизација, како што и верувам дека избор на човек како мене кој е непартиски и професионален кадар може да придонесе за позитивни промени“, вели Илиевски во демант испратен до медиумите.