СДСМ до Мицкоски: Не можеш со протести да ги загрозиш преговорите со ЕУ
Како резултат на очај и фрустрации ги толкуваат во СДСМ најавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за протести наесен, иако државата доби нова проевропска Влада пред само неколку денови.
-Најавите за некакви протести наесен, колку и да се нереални, коинцидираат со времето кога очекуваме почеток на преговорите со ЕУ.Ако Мицкоски мисли дека може да го загрози преговарачкиот процес, се излажал, ќе му пропадне и овој обид да ја закочи земјата.Граѓаните го кажаа своето, Мицкоски е поразен, неговите деструктивни политики се поразени, татковината продолжува напред кон ЕУ, порачаа од СДСМ.