СДСМ: Бараат пари од Владата, а прават спектакл од отчетот за 100 дена


Од отчетот на ВМРО-ДПМНЕ

 

Имаат или немаат пари општините со кои раководат градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, прашуваат од СДСМ.

Владејачката партија денеска во соопштение вели дека „ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски постојано се жалат дека нема пари, се жалат и нивните градоначалници дека општините немале пари. Колку пари чинеше вчерашната пропадната партиска забава на ВМОР-ДПМНЕ? Со кои пари беше финансирана?

Додека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ постојано бараат средства, нивната партија се луксузира со прослави и отчети за 100 дена, снима спотови и организира настани каде промовира неработење и партизација на општините. 

Општините кои ги раководи ВМРО-ДПМНЕ мораат да ја ревидираат својата улога во енергетска криза, мора целосно да ги намалат непродуктивните трошоци и да се однесуваат одговорно кон парите на граѓаните“, велат од СДСМ.