СДСМ бара Антикорупциска да ги истражи наводните имоти на Мицкоски


Мартин Костовски

 

Наведувајќи дека во повеќе медиуми било објавено дека блиското семејство на Христијан Мицкоски има куќа во Козле, наводно вредна еден милион евра, СДСМ денеска побара од Антикорупциската комисија и обвинителството да ги истражат овие наводи.

„Претходно друг медиум, близок до ВМРО-ДПМНЕ, исто така објави информации дека членови од неговото потесно семејство имаат броен недвижен имот на повеќе локации, во Скопје, Охрид и Црна Гора.
Очекуваме Христијан Мицкоски да одговори пред јавноста за овие информации, за куќа на блиско семејство и за информациите за милионскиот имот кои ги објавуваат медиумите.

Дали станува збор за скриен имот и трупање на семејно богатство? Како со просечни професорски плати се стигнува до милионски имоти во Охрид, Скопје и Црна Гора?“, рече на прес-конференција пратеникот на СДСМ Мартин Косовски.

„Исто така, јавноста знае дека во тек е истрага за случајот ‘Делчевски ниви’, во којшто постои основано сомневање за вмешаност на лица од ВМРО-ДПМНЕ и случајот води директно до белиот дворец. Оттука, имајки ги предвид сите овие информации, повикуваме надлежните институции, Антикорупциската комисија, Обвинителство, по допрен глас, да ги истражат наводите за имотот на Мицкоски и да ја информирата јавноста“, рече Костовски.