СДММ: Дали СВР Велес фалсификува службени документи за да ја заштити УМС на ВМРО-ДПМНЕ?


 

Младинската организација на СДСМ денеска праша дали СВР Велес фалсификува службени документи за да ја заштити УМС на ВМРО-ДПМНЕ од одговорност поради употребата на пиротехника?

„УМС објави демек ‘доказ’ дека го пријавиле настанот и пиротехниката, но дали е валиден и дали станува збор за фалсификат?

Нема повратница од Министерството за внатрешни работи – со што би се потврдило дека оваа пријава навистина е доставена и примена во законскиот рок.

Не е наведена количината на пиротехнички средства што ќе се користат – што е обврска според член 39 од Законот за употреба на пиротехнички средства.

Но што е клучно? На документот стои ознака со број 23.23.5.5188/2.

Според нашите информации ова е интерна ознака, која не ја става известителот, туку ја додава началникот на СВР по приемот на актот. 

Тоа значи – оваа ознака не може да биде дел од документот што го објавува УМС туку е службена ознака по прием.

Со други зборови, оваа хартија што се обидоа да ја протнат како легален документ постои голема веројатно дека не е релана.

Очекуваме одговори од МВР и Панче Тошковски. Дали е ова фалсификат?“, изјави Бојан Цветаноски, претседател на ЛК СДММ од Прилеп.