СБ: Модуларната болница во Тетово градена според меѓународните и домашните стандарди

Фото: Б. Грданоски

Модуларната болница во Тетово била градена според меѓународните и домашните стандарди, a планот за заштита од пожари требало да го изработи и спроведе болничкиот персонал под раководство на директорот на болницата во Тетово, информираат од Светска банка за „Дојче Веле“.

Тендерот за изградба на тетовската, како и на останатите 16 модуларни болници ширум земјата во октомври 2020 година беше спроведен согласно домашната регулатива и правилата на Светска банка, од каде македонската Влада зеде заем од 3,8 милиони евра.

Од „Дојче Веле“ потсетуваат дека од Општина Тетово веќе излегоа со тврдење дека тие немале никаква надлежност во фазите од изградбата и контролата на објектот, а надлежните во болницата досега немаа никаква реакција, што се должи и на тековната истрага.

– Проектната листа за изградба на модуларните болници вклучуваше конкретни мерки фокусирани на заштита од пожари и подготвеност за итни случаи за време на изградбата, а исто така постоеше обврска да се воспостави „План за заштита од пожари“ на почетокот на работата на објектот, објаснува за „Дојче Веле“ претставник на Светска банка. Тој план требало „да се изработи и спроведе од назначениот болнички персонал под одговорност на директорот на болницата“, дополнуваат оттаму.

Пожарот во модуларната болница во Тетово избувна на 8 септември вечерта, а настрадаа 14 луѓе. Владата и Министерството