Саудиска Арабија е четврта земја што ја одобри вакцината на „Фајзер“


 

Саудиска Арабија денеска ја одобри вакцината против корона вирусот на партнерските компании „Фајзер“ и „Бионтек“, објави официјалната државна новинска агенција СПА.

Со тоа стана четврта земја во светот кој ја одобри оваа вакцина.

„Саудиската агенција за храна и лекови (СФДА) ја одобри регистрацијата на Фајзер-Бионетк вакцината за Ковид=19 на територијата на монархијата“, се наведува во соопштението кое го пренесува СПА, и наведува дека здравствените власти во оваа земја може да ја увезат вакцината и да ја користат.

СФДА не наведе кога вакцината ќе почне да се користи, а претходно истата вакцина ја одобрија Велика Британија, Бахреин и Канада.

Саудиска Арабија официјално пријави 360.000 заразени со корона, а починаа 6.000 луѓе.

Монархијата е најтешко погодена од пандемијата меѓу земјите на Арапскиот Полуостров.