Само Шукова најави стратегија за вода, ќе ја собира и дождовницата

Кандидатката за градоначалник на Скопје, Каја Шукова од СДСМ, е единствената која има стратегија за недостигот на вода, поширока од затворање на дивите приклучоци. Според неа, кризата со водоснабдувањето во Скопје е директен удар врз квалитетот на живот и го нарушува основното човеково право на пристап до вода, а населбите Ѓорче Петров, Гази Баба и Автокоманда со месеци се соочуваат со недостаток на вода, особено во летните месеци.
-Иако нема формални рестрикции, системот работи со намален притисок поради дотраена водоводна мрежа, огромни загуби на вода, диви приклучоци и недостаток на инвестиции во инфраструктурата.
Над 30% од водата се губи низ распукани и несанирани цевки, а вкупните загуби достигнуваат и до 50%. Изворот Рашче работи на граница на капацитет, а градот нема ниту стратегија, ниту решение на повидок,“ изјави Шукова.
Како нејзин приоритет, таа најави сигурно и стабилно водоснабдување, со конкретни мерки:
-Итна санација на водоводната мрежа;
-Изградба на современ систем за собирање и пречистување на отпадни води;
-Намалување на загубите;
-Искористување на дождовницата;
-Воведување нови технологии за водни пумпни станици и резервоари.
„Скопје мора да има стратегија и мора да има вода – подеднакво за сите,“ порача Шукова.