Сакал да отиде Грција со фалсификувана бугарска лична карта откако го пуштиле на викенд од затворот „Штип“


Вчера полициски службеници го уапсиле 32-годишниот А.Р. откако со фалсификувана бугарска лична карта сакал да влезе во Грција преку Богородица. При дополнителни проверки било откриено дека издржувал затворска казна во Затвор Штип и бил пуштен за викенд.

„На 08.07.2024 во 23.00 часот на Граничниот премин Богородица, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода А.Р.(32) од с.Баница, струмичко, поради тоа што при извршена пасошка контрола било констатирано дека приложил фалсификувана бугарска лична карта на туѓо име. При извршени дополнителни проверки било утврдено дека А.Р. издржувал затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор Штип, од каде бил пуштен на викенд. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Гевгелија, по што бил спроведен во установата“ се вели во билтенот на МВР.