Саем за безбедност за превенција на кражби во тек на летото
Саемот го организираат Министерството за внатрешни работи (МВР), Секторот за внатрешни работи Скопје, Одделението за превенција во соработка со Комората за приватно обезбедување и Скопје Сити Мол.
Граѓаните на едно место ќе имаат можност да се запознаат со програмата на СВР Скопје и услугите што инстутициите и компаниите ги нудат за помош и самозаштитита покрај редовното полициско работење и превентивните активности на работа на полицијата во сопработка со заедницата.
Анализата на МВР покажува дека голем број од кривичните дела се вршат поради недоволна грижа и внимание како за личната безбедност така и за имот од страна на самите граѓани. Како причини кои се јавуваат за појавата на овие кривични дела големо влијание има општествено – економските прилики и современиот начин на живот.Последиците кои произлегуваат од извршените кривични дела се: одземање на вредни предмети (пари, накит, документи).
– Општата цел која сакаме да ја постигнеме со реализацијата на проектот е намалување на бројот на кривичните дела од овој вид со подигнување на свеста кај граѓаните во соработка со полицијата и преземање на мерки за самозаштита и секако намалување на материјалата штета од овој вид на криминалитет. Криминалот може да се случи, но може и да се спречи, велат од Министерството за внатрешни работи.