САД повикаа на смирување на тензиите меѓу Анкара и Атина во Источен Медитеран


САД се загрижени поради тензиите меѓу Атина и Анкара, откако Турција изрази планови да врши сеизмички истражувања и дупчења на морското дно во Источен Медитеран, недалеку од брегот на Кипар.

-Такви економски активности, како истражување на суровини, треба да бидат базирани на взаемно разбирање и пријателство, изјави денеска Филип Рикер, заменик на американскиот државен секретар задолжен за Европа и Евроазија.

Според него, Грција и Турција се членки на НАТО и треба да изнајдат заеднички јазик за решавање на територијалните спорови. Тој ја повика Турција да не ја ескалира ситуацијата, и како сојузник по НАТО да игра конструктивна улога во регионот.

Водите околу островот Кипар, Грција ги смета како дел од својот континентален гребен, и активностите на Турција во регионот ги смета за „агресија“, со барање ЕУ да заземе став на „турската провокација“.