САД нудат награда од 25 милиони долари за апсење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро
На денот на инаугурацијата на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, кој ќе го започне својот нов мандат на функцијата, американското Министерство за финансии објави дека нуди награда од 25 милиони долари за неговото апсење.
Како дел од програмата за борба против шверцот со дрога, Вашингтон нуди 25 милиони долари за секоја информација што ќе доведе до апсење на Мадуро и венецуелскиот министер за внатрешни работи и правда Диосдадо Кабело.
Дополнително, беше објавена награда од 15 милиони долари за информација која ќе доведе до апсење на Владимир Падрино, министерот за одбрана на Венецуела.
Да потсетиме дека Мадуро, според Уставниот суд во Венецуела, кој е под негова контрола, победи на претседателските избори одржани во јули оваа година.
Сепак, опозицијата и бројни меѓународни организации велат дека Мадуро извршил грубо прекршување на изборните правила и дека вистински победник на изборите бил опозицискиот кандидат Едмундо Гонзалес.
Тој во меѓувреме ја напушти земјата поради заканите од режимот на Мадуро дека ќе биде уапсен, а денеска за време на протестите што беа покренати поради инаугурацијата беше уапсена и лидерката на опозицијата Марија Корина Мачадо, иако набрзо беше ослободен.