Сабрина Карпентер објави сингл среде „раскинувањето“ меѓу Трамп и Маск, мемиња во изобилство


Сабрина Карпентер

Сабрина Карпентер штотуку ја објави својата нова песна Manchild, а сите на социјалните мрежи се согласуваат дека не можеше да дојде во подобро време. Поп-ѕвездата објави тизер претходно оваа недела, а постери со текстови како: „Еј мажи!“, „Амин“ и „Се колнам, тие ме избираат мене, а не јас нив“ почнаа да се појавуваат во градовите.

Многумина лесно ќе ги препознаат текстовите за раскинувањето (некои шпекулираат дека се однесуваат на поранешното момче на Сабрина, актерот Бери Кеоган). Но, повеќето разбираат дека песната совршено се вклопува и во моменталната ситуација во која Доналд Трамп и Илон Маск се вклучија во отворен конфликт. Нивното „раскинување“ ескалираше во размена на навреди на социјалните мрежи.

„Manchild излегува вечерва додека сето ова се случува. Промоцијата е луда“, „Сабрина Карпентер го објавува Manchild среде јавната разделба на Трамп и Маск – ова е најдоброто нешто досега“, „Сабрина Карпентер го објавува Manchild за време на хаотичниот развод на Илон и Трамп“, се само некои од коментарите на X.