Сѐ повеќе земји го ограничуваат извозот на храна


 

Земјите ширум светот ги олабавуваат регулативите за увоз и го ограничуваат извозот, особено на храна и ѓубрива, предупреди Светската трговска организација (СТО).

Во 12-те месеци до средината на октомври, членките на СТО воведоа повеќе мерки за поттикнување на трговијата отколку ограничувања, утврди СТО.

Месечно, во просек се воведени најголем број мерки за унапредување на трговијата од 2012 година, според пресметките на СТО.

Меѓутоа, со овие мерки, земјите најмногу го поттикнуваа увозот, а најмногу го ограничуваа извозот, предупредува СТО, заклучувајќи дека извозните ограничувања ги надминале ограничувањата на увозот за прв пат од 2009 година, кога почнале да ги следат податоците.

„Членките ја зголемија примената на новите ограничувања на трговијата, особено на извозот, прво во контекст на пандемијата, а неодамна во контекст на војната во Украина и кризата во снабдувањето со храна“, рече шефот на СТО, Нгози Оконџо-Ивеала. во соопштение.

Во такви услови, земјите првенствено го ограничија извозот на храна, утврди СТО.

„Од 78 извозни ограничувања за прехранбени производи, добиточна храна и ѓубрива, воведени од почетокот на војната (во Украина) на крајот на февруари, 57 од нив сè уште се во сила, што одговара на приближно 56,6 милијарди долари во трговијата“, вели генералниот директор на СТО, Нгози Оконџо-Ивеала.

„Од средината на октомври, бројките се зголемија, што треба да (нè) загрижува“, предупреди таа.