Рускоска бара некој да одговара во Македонија за автобуската несреќа во Бугарија
Во Бугарија е затворен случајот со автобуската несреќа на автопатот Струма во која загинаа 45 македонски државјани.Ова во емисијата „Внатре 21“ го изјави поранешната шефица на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.
„Сите материјали што ги имавме им ги предадовме на колегите од Бугарија. Колку што имам информации, случајот во Бугарија е затворен, наводно возачот е виновен за страшната сообраќајка“, рече Русковска.
Таа порача дека македонските институции мора да одговараат и дека случајот не може да се заврши со едноставно префрлање на целата вина на возачот.
„Бидејќи случајот е доставен до обвинителството, немам информации каде се наоѓа. Но, некој мора да сноси одговорност, имајќи предвид дека немале дозволи за меѓународен сообраќај на луѓе, и не само од компанијата, туку и цариниците и полицајците, бидејќи овие автобуси многу често поминувале низ границата“, рече Русковска.
Несреќата ја преживеаја само 7 патници во автобусот.