Руските војници кастрираат и убиваат украински заробеници како да се Ал Каеда
Русија суштински ги менува правилата во однос на воените заробеници, веројатно за да го намали моралот на Украинците да даваат отпор на нивната „специјална операција“ и да спречат понижувачки пораз на фронтот. Светската јавност беше згрозена од веста дека само за 24 часа руската армија објави видео на кое се гледаше како кастрираат жив украински затвореник, а потоа го убиваат, како со касетна муниција напаѓаат автобуска постојка во Миколаев, при што убија најмалку 5 лица, а 12 беа повредени и како убија најмалку 40 украински воени заробеници од Мариупол/Азовстал и ги обвинија за нападот Украинците.
Дека не станува збор за настани излезени од контрола покажа постот на руската амбасада во Лондон во кој руските дипломати повикуваат на „понижувачка смрт“ и бесење на заробениците од „Азов“, иако заробениците се заштитени со меѓународното право. Реагираа и ОНкои ги повика „сите страни“ да избегнуваат тортура откако се појави видеото на руските војници како отсекуваат гениталии на украинскиот заробеник. Набљудувачката мисија на ОН за човекови права соопшти дека е „згрозена“ од најновото видео, коеспоред нив очигледно покажува кастрација и пукање во заробен украински војник
Згрозеност предизвика и објавеното пропагандно видео на рускиот портал Сима-Ленд кое потсетува сосема на оригинални видеа од нацистичка Германија. На видеото илјадници работници се снимени како му ветуваат верност на Путин:
„Јас сум Азербејџанец, Јас сум Ерменец, Јас сум Узбекистанец, Јас сум Грузиец, Јас сум Казахстанец, Јас сум Евреин,нЈас сум Чеченец, Јас сум Татар…Ние сме Руси, заедно сме, Владимир Путин те поддржуваме!“, извикуваат илјадниците работници во Екатеренбург.