Руските војници гранатирале болничко возило и детска болница за лечење рак


Украински војници на тенкови во близината на Донецк (Фото: АП)

Руски војници пукале во амбулантно возило, при што убиле две лица и раниле едно во близина на градот Керсон.

Руските сили го гранатирале медицинското возило, кревајќи го во воздух. Возачот и пациентот изгореле живи, објави сајтот Сегодња. Пациентот бил повреден поради руско гранатирање претходно истиот ден.

Руски проектил ја погоди и детската болница за рак Охмадит во Киев, при што загина едно дете а ранети беа две, заедно со двајца возрасни. Очевидци известија дека градот е нападнат од ракетни системи со повеќекратно лансирање.