Руските банки забележале загуба од 25 милијарди долари за половина година


 

Рускиот банкарски сектор загуби 1,5 билиони рубљи (24,8 милијарди долари) во првата половина на 2022 година, изјави во петокот висок функционер на Централната банка.

Ова е првпат Централната банка да објавува финансиски резултати откако Москва ја нападна Украина во февруари.

„Банките со загуба загубија 1,9 билиони рубљи, а банките со профит заработија 400 милијарди рубљи“, изјави Дмитриј Тулин, првиот заменик-гувернер на Централната банка, во интервју за новинската веб-страница на РБЦ.

„Така, математички, добиваме вкупна загуба од 1,5 билиони рубли“, рече Тулин.

Централната банка престана да објавува бројки за банкарскиот сектор по почетокот на војната и им забрани на заемодавците да објавуваат редовни извештаи за заработка, откако западните влади ги замрзнаа финансиските средства на Русија во странство и воведоа санкции кон руските банки.

Загубата за рускиот банкарски сектор е прва во последните седум години, објави РБЦ.

Тулин рече дека една четвртина од руските банки забележале загуби од јануари до јуни, додека три четвртини останале профитабилни.

Според Тулин, две третини од загубите во првото полугодие во 2022 година, или 1 билион рубли, се поврзани со девизни операции.

„Можеме да кажеме дека досега се справивме со малку жртви“, рече тој за РБЦ, истакнувајќи дека руските банки сè уште имаат резерви од 7 билиони рубљи (116 милијарди долари).

„Помал дел од оваа капитална резерва е искористен како резултат на овие загуби. Тоа не е најскапата цена за надминување на последиците од силниот удар што санкциите му го нанесоа на нашиот банкарски систем“, рече Тулин.