Руски генерал кој го критикуваше Путин пронајден мртов во неговиот дом

Москва – Поранешниот командант на руската противвоздушна одбрана, кој го критикуваше Владимир Путин за состојбата на руските воздухопловни сили, е пронајден мртов во неговиот дом заедно со сопругата под мистериозни околности, пишува „Дејли мејл“.
Високо одликуваниот генерал-полковник Владимир Свиридов (68) и неговата сопруга Татјана (72) биле мртви околу една недела пред да бидат пронајдени нивните тела во селото Аџиевски во регионот Ставропол во јужна Русија.
Немало траги на насилство и дека не се пронајдени токсични материи во крвта на ниту една жртва, според прелиминарните тестови.
Според локалните медиуми, руските власти не можеле да ја утврдат причината за смртта.