Русија за 16 милиони евра купува знамиња за училиштата, а 5.000 немаат вода


 

Руската влада ќе купи руски знамиња и грбови во вредност од повеќе од 970 милиони рубли (околу 16 милиони евра) за поставување во селските училипта, за да се подобри љубовта кон татковината во образованието, јавува Москва тајмс.

Рускиот министер за образование Сергеј Кравцов во април рече дека во училиштата од 1 септември секој понеделник ќе се подига руското знаме и ќе се изведува националната химна во пракса насочена кој подигање на „граѓанската свест“ меѓу децата. Училиштата во регионите Калуга и Вороњеж во западна Русија почнаа да подигаат знамиња кон средината на април.

Купуваат знамиња за 11.000 училишта

Денеска беше објавено дека премиерот Михаил Мишустин доделил износ за знамиња и грбови за 11.000 училишта.

„Останатите образовни институции во земјата ќе добијат нови сетови на државни симболи до 2024 година“ се наведува во соопштението на владата.

Новинарите брзо забележаа дека новите знамиња се купени и покрај тоа што се знае дека во 5.000 селски училита низ цела Русија нема внатрешен водовод.

Сите ученици ќе мора да ја учат поновата историја

Министерот Кравцов рече дека министерството ќе воведе задолжителна настава на руската историја за средношколците. Во април најави планови за воведување задолжителни часови историја за деца постари од 7 години, со нагласок на порекнувањето дека Русија ги „малтретира другите нации“, посебно Украина и Белорусија.

Кравцов вчера најави дека Доњецк и Луганск, како и другите територии се под руска контрола, а до следната учебна година може да преминат на рускиот образовен стандард.