Русија се уште не успева да ги освои украинските градови

Русија денес оствари територијални придобивки, но тие главно беа во руралните области, додека Украина ја задржува контролата врз нејзините клучни градови, проценија западни извори. Сепак,Русите издадоа остро предупредување: Москва може да прибегне кон неселективна употреба на индиректен оган, преку артилериски системи и термобарично оружје, доколку продолжи да не ги исполнува своите временски рокови и цели. Русија го користеше ова оружје во други конфликти, но сè уште не во Украина.
Во нападот моментално учествуваат околу 60 тактички групи на руските баталјони, што е околу половина од вкупниот број распоредени околу Украина.Поголемиот дел од руските сили кои му се закануваат на Киев остануваат на околу 50 километри северно од главниот град, иако има одредени судири во приградските области.
Во меѓувреме, официјалните лица веруваат дека повисоките нивоа на радијација во Чернобил би можеле да бидат предизвикани од преместувањето на илјада војници во таа област, исфрлајќи прашина и остатоци.
Има дополнителни судири долж линијата на контакт во регионот на Донбас, особено во Мариупол, и обновени борби околу јужниот град Керсон, соопштија официјални лица. Има обид на Русија да се придвижи нагоре низ Мелитопол за да се поврзе со нејзините сили кои напаѓаат од исток. Исто така, има некои извештаи за потенцијална амфибиска операција која се одвива во моментов на запад од Мариупол – но деталите за тоа се малку.Нема удари врз западниот град Лавов, во близина на границата со Полска, а властите не очекуваат дека ќе има во блиска иднина.
Официјални лица потврдија дека некои украински авиони се оштетени, но Западот не верува дека сите се уништени. Русите сè уште не напреднаа доволно за да ги прекинат линиите за снабдување на Украинците. Претседателот Володомир Зеленски исто така им се обрати на Украинците стоејќи претседателската администрација во центарот на Киев, опкружен со неколку високи функционери, за да покаже дека раководството на земјата не побегнало од главниот град.
„Ние сме овде, во Киев, ја браниме Украина. Војниците се овде, граѓаните се овде… Слава на Украина“, рече Зеленски.