Русија праќа „пламенофрлачи“ во Украина


Си Ен Ен вечерва покажа снимка како украинската граница ја преминува воено возило наречено „пламенофрлач“ кое  е забрането за употреба со меѓународните договори . Со целосно салво ова оружје ќе опустоши површина од 200 x 400 метри, убивајќи од прекумерен притисок, изгореници и задушување.

Воените експерти на Си Ен Ен тоа го оценуваат како знак дека рускиот претседател Владимир Путин е во очај и со ова оружје сака да го преплаши украинското население кое сега масовно дава отпор. 

Овие воени „пламенофрлачи“ одамна се спорат во јавноста, но беа дел од воената опрема што Русија и ја продаваше на Саудиска Арабија.