Русија им даде рок на Твитер и на Фејсбук
Социјалните мрежи Твитер и Фејсбук имаат рок од девет месеци да се усогласат со рускиот закон за податоци.
Во тој период, овие две компании мора податоците за корисниците да ги префрлат на сервери на Русија, јави агенцијата Интерфакс, повикувајќи се на изјавата на шефот на руската Федерална агенција за комуникација Александар Жаров.
Тој изрази очекување дека Русија на крајот нема да ги блокира Твитер и Фејсбук, пренесува агенцијата Ројтерс.