Розалија стана глобален амбасадор на Диор


Париз – Пејачката и текстописец, добитничка на Греми, Розалија штотуку беше прогласена за нов глобален амбасадор на Диор, дебитирајќи во кампањата со чантата Лејди Диор. Симбол на извонредност, чантата е онаа која Марија Грација Кјури и се навраќа  одново и одново, продолжувајќи да го зацементира наследството и идентитетот на Куќата.

Прославувајќи ја објавата, Розалија е фотографирана од Колиер Шор, сликана преку серија портрети кои го истражуваат „длабокиот интензитет на црното и белото“. Снимена во интимен амбиент, пејачката е фотографирана со ништо друго освен со микрофон и пијано — покрај нејзиниот потпис Лејди Диор.

Чантата е прикажана во класична кожа, нежно зашиена со линиите на шаблонот и украсена со логото„DIOR“ . Во моментов, малку се знае за тоа што ќе вклучува улогата на амбасадор на Розалија, но очекуваме уметницатада се појавува во бројни кампањи и редовно да ја носи луксузната етикета на настаните на црвениот тепих.

Розалија во Диор на Мет Гала 2024

Таа им се придружува на Натали Портман и Шарлиз Терон како музи за куќата.