Романија има потреба од еден милион работници
Романскиот министер за финансии Еуген Теодорович рече дека на економијата на земјата ѝ се потребни еден милион работници, објавија романските медиуми.
На конференцијата во Букурешт посветена на ситуацијата со вработувањето во Романија, министерот истакна дека околу 5 милиони Романци заминале во странство, а има и многу други кои работат на црно.
„Во моментов Романија има потреба од еден милион работници, што е исклучително важно“, рече Теодорович.
Тој посочи дека некои мерки преземени од страна на властите успеале да ги вратат романските работници во својата татковина.