Ролан Гарос: Во 3 часот по полноќ Ѓоковиќ извојува историска победа со неверојатен пресврт (видео)


Новак Ѓоковиќ го совлада Лоренцо Музети со 7:5, 6:7, 2:6, 6:3, 6:0 за осминафиналето на Ролан Гарос. Натпреварот траеше 4 часа и 28 минути. Почна Во саботата во 22:38 часот, а заврши во неделата во 3:06 часот. Тоа е досега најдоцна завршен меч на парискиот Грен слем. На Ролан Гарос никогаш не се играло после 1:30.

Полноќна класика на Ролан Гарос

Кога станува збор за наајдоцна завршени натпревари воопшто, Ролан Гарос нема ниту еден во ТОП 50. Поточно, немаше до зори на овој ден. Со оглед на тоа што мечот траеше до по 3 часот наутро, Ѓоковиќ и Музети влегоа во 10-те најдоцна завршени натпревари воопшто и во петте најдоцна завршени натпревари на Грен слемовите.

Според уште еден критериум, Ѓоковиќ одигра меч за историја. Во него тој ја освои својата 369. Грен слем победа, израмнувајќи го рекордот на Роџер Федерер. Секако дека Ѓоковиќ ќе го надмине, а никој не може да му се закани бидејќи следен зад нив е Рафаел Надал со 314 победи на четирите најголеми турнири.

Ѓоковиќ го израмни рекордот на Федерер со неверојатен пресврт против човек 15 години помлад од него.

На сето тоа Ѓоковиќ му успеа со неверојатен пресврт во феноменален меч, во кој и двата противници дадоа и покажаа се. Но, Ѓоковиќ (37), тенисер број еден во светот, беше поиздржлив од 31. на АТП-листата, од кого е дури 15 години постар.

Веќе од почетокот беше јасно дека на бранителот на титулата нема да му биде лесно на париските земјени терени. Музети веќе направи брејк во третиот гем од првиот сет, но Ѓоковиќ му одговори и драмата траеше до крајот на првиот сет. Ѓоковиќ немаше одговор на сервисот на противникот. Но, тој успеа да направи пресврт кога беше најважно, во клучниот 12-ти гем. Му го одзеде сервисот и поведе со 1:0 во сетовите.

До средината на вториот сет се чинеше дека ова се претвора во рутинска победа на Ѓоковиќ. Српскиот шампион водеше со 4:1, но потоа Музети одговори со животна партија. Израмни на 4:4, а се продолжи во ист тон и сетот отиде во тај брејк. Таму Ѓоковиќ имаше сет-поен при 6:5, но Музети одлично одговори на сервисот на Ѓоковиќ, направи мини-брејк и сетот го заврши со нерешени, 1:1.

Италијанецот водеше со 2:1, но српскиот шампион дури тогаш се распали

Музети доминираше во третиот сет. Го разби Ѓоковиќ на почетокот и на крајот од сетот, а Србинот одзеде само два гема за пресврт на Музети и водство во сетовите 2:1. Сепак, говорот на телото и изразот на лицето на Ѓоковиќ покажаа дека тој не се откажува. Тој направи брејк во средината на четвртиот сет, а потоа го повтори.

Ѓоковиќ со серија брејкови го победи противникот за историска победа

Така ја воодушеви публиката и израмни на 2:2 во сетови. Решавачкиот петти сет го доби српскиот шампион. Веќе во вториот гем направи брејк, а потоа веднаш вториот и тоа беше крајот.