Рохани најави ново кршење на Договорот од 2015 година


Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска најави дека Техеран ќе почне со вбризгување на ураниумски гас во 1.044 центрифуги, што е нов чекор понатаму од мултилатералниот договор од 2015 година.

Рохани во обраќањето што го пренесуваше државната телевизија изјави дека машините во нуклеарната постројка Фродо утре ќе почнат со вбризгување на ураниумски гас.

Според Договорот за иранската нуклеарна програма, машините треба да се движат без гас во себе.

– Знаеме дека се чувствителни кога станува збор за Фродо. Но, кога тие ќе почнат повторно да ги почитуваат своите обврски, ние повторно ќе го исклучиме гасот, така што е можно да биде повлечен овој чекор, посочи Рохани.

Шефот на иранската Организацијата за атомска енергија Али Акбар Салехи вчера изјави дека Иран работи на прототип на центрифуга која е 50 пати побрза од дозволеното со нуклеарниот договор со светските сили.

Шефот на иранската Организацијата за атомска енергија Али Акбар Салехи вчера изјави дека Иран работи на прототип на центрифуга која е 50 пати побрза од дозволеното со нуклеарниот договор со светските сили.

Салехи истакна дека името на прототипот е ИР-9 и ќе биде 50 пати побрз од првата генерација ИР-1с, што беше дозволен со Договорот од 2015 година.

Салехи наведе дека Техеран користи напредна центрифуга 60 ИР-6 што може да произведе збогатен ураниум десетпати побрзо од првата генерација центрифуги ИР-1с.

Според нуклеарниот договор Иран има право да произведува збогатен ураниум само со посредство на 5.060 центрифуги од правата генерација ИР-1.

Иран веќе ги прекрши ограничувањата за резервите и збогатувањето ураниум во обид со цел да изврши притисок врз Европа да предложи нов договор, повеќе од една година откако американскиот претседател Доналд Трамп ги повлече САД од Договорот.

Во 2015 година, САД, Кина, Русија, Франција, Велика Британија и Германија со Иран потпишаа акциски план кој предвидуваше, меѓу другото, нуклеарно разоружување на Техеран, во замена за постепено укинување на санкциите врз земјата. Но, администрацијата на Доналд Трамп минатата година одлучи да се повлече од мултилатералниот договор и повторно воведе санкции кон Иран.