Родителите на четворица британски тинејџери го тужат ТикТок поради смртта на нивните деца
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2022/10/tiktok.webp)
Родителите на четворица британски тинејџери го тужеа ТикТок поради смртта на нивните деца, тврдејќи дека била резултат на натпревар со предизвик на социјалната мрежа.
Родителите тврдат дека нивните деца на возраст од 12 до 14 години починале додека учествувале во „предизвикот онесвестување“, кој стана популарен на социјалната мрежа во 2021 година, јави Гардијан.
Правниот центар за жртви на социјалните медиуми со седиште во САД вчера поднесе тужба во име на родителите против ТикТок и нејзината кинеска матична компанија ByteDance.