Рибар од Тетовско “улови“ торба со мини во Вардар


Илустрација (Фото: Б. Грданоски)

Рибар од тетовското село Волковија доживеал несекојдневен „улов“ вчера додека бил на риболов.

Според информациите од полицијата, тој јадицата ја фрлил во селото Стенче, кај стенечкиот мост на реката Вадар. Сепак, наместо да улови риба, од реката извлекол торба, во која имало седум тромблонски мини.

Рибарот ги уловил мините вчера напладне, а се работи за 19-годишно момче.

За случајот известен е јавен обвинител, а од страна на екипа на МВР тие се безбедно подигнати.