РФМ ја одреди цената за дуелот на ракометарките со Словенија во Битола


Македонската женската ракометна репрезентација на 19.октомври го игра натпреварот против Словенија од квалификациите за ЕП 2026. Дуелот ќе се игра во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола со почеток во 18 часот.

РФМ објави дека денеска почна продажбата на влезници за натпреварот и тоа online на интернет-страницата на МК Тикетс (https://mktickets.mk). Влезници можат да се купат и на сите продажни места на МК Тикетс низ државата. Продажната цена на влезниците за натпреварот е 100 денари.

Националниот тим подготовките ги почнува во понеделник 12.октомври, а на 16.октомври (четврток) избраничките на селекторот Кристијан Грчевски ќе играат против Германија на гостински терен.