Резултатите покажаа дела ова е најдобриот напиток за салото


Чајот од нане е најдобриот пијалок за да се ослободите од салото од стомакот, тврди истражувањето.

Многу луѓе се борат со салото на стомакот. Дури и кога ќе се изгубат килограмите, кожата која не ни се допаѓа сè уште е тука и сакаме што побрзо да се ослободиме од неа. Постојат два вида масно ткиво кое се акумулира на тоа место: првото е поткожно и помалку опасно. Најдобро се „отстранува“ со соодветна исхрана и физичка активност, додека висцералното е многу поопасно: тој е фактор на ризик за болести како висок крвен притисок, дијабетес тип 2, кардиоваскуларни заболувања, па дури и тумори на дебелото црево.

Сите би сакале да го знаеме „тајниот рецепт“ за отстранување на маснотиите или да набавиме магична напивка која ќе ни ја заврши работата. Сепак, истражувањата покажуваат дека чајот од нане може да биде многу корисен во овој процес, а тоа го потврдуваат и нутриционистите. Кортни Д’Анџело, нутриционист открива дека чајот од нане е всушност најдобриот пијалок за слабеење.

“Нема калории. Има сладок вкус и ќе можете да го намалите апетитот и желбата за слатки. Плус, нането има антивирусни, антибактериски и антиинфламаторни својства. Ги решава и дигестивните проблеми”, вели таа. Во случај на слабеење, ова антиинфламаторно дејство е особено важно бидејќи значи дека топлиот чај од нане помага и при варењето.

Истражувањето објавено во „Journal of Clinical Gastroenterology“ покажало дека учесниците кои консумирале нане можеле да го ублажат синдромот на нервозно дебело црево. На овој начин успешно го намалиле проблемот со надуеноста, а жените ги ублажиле и грчевите во мускулите кои биле предизвикани од менструацијата.

Исто така, чајот од нане има позитивен ефект врз менталниот капацитет. Не содржи кофеин, а истражувањето на Универзитетот Нортамбрија покажало дека овој пијалок го подобрува расположението и меморијата. Поради своите есенцијални масла, нането е погодно за луѓе кои имаат ограничена подвижност, па ако вашата работа е врзана за канцелариско биро, можете да го замените кафето со чај од пеперминт за време на паузите.