Ресенчанка со лажен ПЦР се обидела да излезе од Македонија


На 06.09.2021 во 08.30 часот на граничен премин „Ќафасан“, полициски службеници ја лишиле од слобода К.П.(21) од Ресен, затоа што при излез од државата на увид приложила фалсификуван негативен ПЦР тест.

Со неа бил извршен разговор и по целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител ќе биде поднесен соодветен поднесок.