Ремонтот на „Северен ток 1“ ја катапултира цената на гасот на над 1.770 долари за илјада кубни метри


 
Гасот во Европа поскапе денеска за повеќе од 3,5 отсто на нешто над 1.770 долари за 1.000 кубни метри, покажуваат податоците на лондонската берза ICE.

Цената на гасот за испорака во август (фјучерс договори) во холандскиот центар ТТФ се зголеми на 1.772 долари за илјада кубни метри, односно на 171 евро за мегават-час (MWh) по тековниот курс на еврото во однос на доларот, ја ренесува Танјуг информацијата на Тасс.

Претходниот ден цената на гасот во Европа падна за речиси 12 отсто на годишно ниво, откако Канада во текот на викендот објави одлука за враќање на ремонтираната турбина за гасоводот „Северен тек 1“ на „Сименс“ во Германија.

Испораките на гас преку гасоводот „Северен тек 1“, кој е главна рута за извоз на руски гас во Европа, беа прекинати на 11 јули на десет дена поради планираното годишно одржување.

Од средината на јуни, искористувањето на максималниот капацитет на тој гасовод беше намалено на околу 40 отсто, бидејќи филијалата на „Сименс“ во Канада го одложи враќањето на единиците за гасни компресори по ремонт поради канадските санкции против Русија.

Транзитната линија низ Украина во моментов е единствената рута за снабдување на земјите од Западна и Централна Европа со руски гас, поради тековните работи на „Северен тек 1“.

Испораките на гас преку гасоводите Турски и Син ток се наменети за Турција и земјите од јужна и југоисточна Европа, додава руската агенција.