Рекордни октомвриски температури во Скопје и низ Европа


Фото: Б. Грданоски

Денеска во Македонија се измерени рекордни 25 степени. Имено, низ минатото, на денешен ден, највисоката измерена температура била 24 степени.

Најладно пак на денешен ден било во 2011 година, кога температурите паднале дури до 0 степени.

Претходно, во месец октомври пак во Скопје најтопло било во 1993 година кога температурите стигнале до 32 степени, додека пак најладно во историјата било во 1997 година кога температурата паднала до -5 степени.

И низ Европа се забележани аномално високи температури – особено во Франција и Шпанија.

Максималните температури надминаа 30 Целзиусови степени во делови од Шпанија во четвртокот, а 35,2 степени беа измерени во Морон де ла Фронтера, југоисточно од Севиља.

Топло е на и крајниот север, во Шведска, каде во петокот во јужниот град Кристијанштад беа измерени рекордни 19,5 степени.

Тоа е најжешката температура досега забележана во Шведска“рече Ерик Хојгард-Олсен, метеоролог од Шведскиот метеоролошки и хидролошки институт (SMHI).

Од друга страна пак, делови од западната половина на САД ја дочекаа зимата оваа недела.

Моќниот студен фронт се пресели на југ низ северните карпести планини и околните региони на 22 октомври, доведувајќи ги топлите услови од средината на октомври до ненадеен крај. Температурите драстично паднаа, а на места паднало и снег.